За нас
За NX Partners
Компанија за деловно советување и стратешки комуникации, специјализирана за корпоративно позиционирање, надворешни релации, регулаторни прашања и институционална комуникациска поддршка.
01Компаниски профил
Стратегија · Доверба · Резултати
Работиме со компании што имаат потреба од доверлив и искусен партнер во динамични и сложени деловни и регулаторни опкружувања.
Со седиште во Скопје, Северна Македонија, ги поддржуваме компаниите низ западниот Балкан и поширокиот регион на Југоисточна Европа — со пристап до меѓународни деловни мрежи и партнери.
Нашите услуги02Визија · Мисија · Уверување
Нашата визија
Да бидеме доверлив партнер за компании коишто бараат стратешка насока и долгорочно влијание во опкружување коешто постојано се менува.
Нашата мисија
Да им помогнеме на компаниите да ги зајакнат институционалните релации, да изградат доверба и да ги постигнат своите деловни цели — преку конкретна поддршка и стратешка комуникација.
Нашето уверување
NX Partners е изграден врз едноставна вистина: дека деловната доверба се гради преку длабоко разбирање на бизнис-реалноста, регулаторната динамика и институционалното опкружување во коешто компаниите работат.
Тоа разбирање се стекнува само од искуство и посветеност, а не преку брзи и лесни решенија што изгледаат добро на хартија, но не создаваат вистинска вредност.
Денешното опкружување го менува начинот на којшто компаниите работат, одлучуваат и се позиционираат. Забрзаната дигитализација, имплементацијата на вештачката интелигенција, геополитичката динамика и реформските процеси поврзани со членството во ЕУ создаваат нови регулаторни обврски, фискални промени и стратешки предизвици, кои директно влијаат на бизнис-плановите и конкурентноста.
Во NX Partners им помагаме на клиентите да ги зајакнат пазарната позиција, кредибилитетот и долгорочното влијание. Регулаторните случувања, институционалната динамика и бизнис-целите ги претвораме во конкретни чекори, приспособени на стратегијата и на приоритетите на секој клиент.
Ги поддржуваме клиентите во остварувањето на нивните цели преку стратешки ангажман, подготовка на стратегија за регулаторна комуникација, управување со репутација и надворешни релации.
Нашата директна вклученост ја надополнуваме со доверлива експертска и институционална мрежа, обезбедувајќи посветена поддршка за секој клиент.
Секој наш ангажман е фокусиран и насочен кон конкретни резултати. Така е утврден моделот на NX Partners од самиот почеток.
03Значењето на „NX“
Значењето на „NX“
Зад секоја буква стои идеја што го дефинира нашиот пристап.
N — Nexus
Точката каде што бизнис-стратегијата, извршното лидерство и репутацијата се среќаваат.
Тоа е врската што ја градиме и унапредуваме.
NX — Next Generation
Партнерство што оди подалеку од стандардните пристапи кон бизнис-прашањата и комуникацијата.
Тоа е стандардот што го носиме во секој ангажман.
NX Partners: каде што стратегијата и репутацијата се поврзуваат за да создадат трајна вредност.
04Како ги поддржуваме клиентите
Практичен пристап, базиран на партнерски релации
NX Partners работи со компаниите преку практичен пристап, базиран на партнерски релации, фокусиран на регулаторните промени, институционалната динамика, комуникациските приоритети и поширокото геополитичко и глобално опкружување во коешто компаниите го остваруваат своето работење.
Соработуваме со комуникациски тимови, раководни лица и врвни аналитичари — обезбедувајќи пораките и надворешното позиционирање да бидат усогласени низ целата организација.
Им помагаме на клиентите:
- 01Да ги следат, разберат и проценат регулаторните и институционалните промени
- 02Да ги анализираат новите политики, мерки и реформи и нивните деловни последици
- 03Да ја зајакнат видливоста, кредибилитетот и релациите со засегнатите страни
- 04Да управуваат со комуникациски и репутациски предизвици
- 05Да ги усогласат бизнис-приоритетите со променливото надворешно опкружување
05Зошто NX Partners
Партнер што го разбира и бизнисот и опкружувањето
Компаниите денес работат во опкружување каде што регулаторните промени, дигитализацијата, притисоците за усогласеност и реформските процеси директно влијаат на остварувањето на бизнис-плановите, целите и клучните индикатори на успешност (KPI). Идентификувањето и управувањето со овие ризици — без разлика дали се класифицираат како високи, средни или ниски — бара партнер што ги разбира и деловните цели и надворешното опкружување во коешто треба да се остварат. NX Partners го обезбедува токму тоа.
- 01
Перспектива на извршно ниво
Стратешко размислување и практично искуство за поддршка на лидерските тимови при решавање на сложени деловни, комуникациски и надворешни предизвици.
- 02
Пристап базиран на релации
Градење доверба, олеснување на дијалогот и поддршка на конструктивна интеракција со институциите и деловните заедници.
- 03
Институционално разбирање
Познавање на институционалните рамки и регулаторната динамика за информирани одлуки и посилно стратешко позиционирање.
- 04
Комуникациска експертиза
Развој на јасни пораки, зајакнување на видливоста, заштита на репутацијата и усогласување со бизнис-плановите.
- 05
Флексибилен партнерски модел
Модел приспособен на специфичните потреби на секој клиент, со вистинската експертиза за секоја ситуација.
- 06
Селектирана експертска мрежа
Пристап до правни советници, комуникациски специјалисти, дигитални експерти, аналитичари, истражувачи и индустриски професионалци.
NX Partners е партнерот што ги поврзува деловните цели со надворешната реалност — помагајќи им на компаниите да изградат кредибилитет, да се позиционираат и да постигнат трајни резултати.
06Прашајте NXP
Прашајте NXP
Прашања за нашите услуги, начинот на кој работиме, нашите рамки или NXP Insights. Одговорите произлегуваат исклучиво од она што го објавуваме на оваа страница, со наведување на страниците од кои потекнуваат.
За овој асистент е потребен JavaScript. Можете да ги прочитате нашите услуги, да ни пишете или директно да нè повикате.
07Контакт
Сè започнува со еден разговор
Стратегија. Доверба. Резултати.